МОН: Запишани 16.999 ученици во средно, слободни уште 17.794 места

Од:

Во второто пријавување од првиот уписен рок во јавните средни училишта во 2013/2014 година, на 1-ви и 2 јули, се запишале 6.499  ученици и со нив вкупниот број запишани ученици во двете пријавувања во јунскиот рок е 16.999, информираше Министерството за образование и наука.

Од нив 11.963  ученици се за настава на македонски јазик, 4.698 за албански наставен јазик, 205 за турски  јазик, 1 ученик за настава на српски и 132 повторувачи. Според видот на образование, 7.173 ученици се запишани во гимназиско образование, 9.394 во стручно, 251 во уметничко образование и 181 ученик во спортска гимназија.

Според информацијата на МОН, за вториот, августовски  уписен рок, има  17.794  слободни места: 11.430 за настава на македонски јазик,  5.556   за албански,  747  за турски, 33 за настава на српски јазик и 28 слободни места за повторувачи.

Во гимназиите слободни се 4.794 места, во средните стручни училишта  12.826, во училиштата за уметничко образование има  157 слободни места и во спортската гимназија 17 (за ученици на македонски наставен јазик).

Вториот рок за пријавување и запишување ученици е на 22 август, а резултатите ќе бидат објавени наредниот ден.

Во учебната 2012/2013 година осмо одделение завршија 22.900 ученици, а со Конкурсот на МОН за запишување ученици во 2013/2014 се обезбедени околу 35.000 ученички места. Средното образование во Македонија е задолжително од 2008/2009 година.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование