ВМРО-ДПМНЕ: Скоро 8 милијарди евра или 64% ќе се качи јавниот долг годинава

Од:

„Околу 8 милијарди евра или близу 64% ќе достигне јавниот долг годинава, согласно проекциите на министерството за финансии во Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство во државава, од 2021 натаму, ќе должи по 16.000 евра. Владата веќе тргна да им ги наплатува овие пари преку „зелени“ такси и даноци кои оваа и следната година ќе се воведат за граѓаните и фирмите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 8 и пол милијарди евра Владата планира да го качи јавниот долг догодина. Тоа се 66% од БДП. Тоа се 6 процентни поени над Мастришкиот критериум за јавен долг. Тоа е скоро двојно од состојбата која ја затекна владата на СДСМ во 2017 година. Изминативе години освен редовните аукции на Министерството за финансии, кредити кај домашните банки и меѓународните финансиски институции, се земаа и еврообврзници по рекордни суми.

Она што е најголемиот проблем е на што одат овие пари. Капиталните инвестиции потфрлаат со бедна реализација од околу 20% за половина година. За сметка на тоа, секојдневно читаме за нови партиски вработувања во државната администрација и небулозни јавни набавки за ќеифот на функционерите од власта.

Во очекување на објавата на редовните податоци на министерството за финансии на 30 јули 2021, прашуваме на што ги потрошивте парите“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски