Кошаркарите на „Партизан“ и „ПАОК“ гости на „Кожуф“

Од:

Општина Гевгелија ќе биде организатор и домаќин на меѓународен кошаркарски турнир што ќе се одржи на почетокот од септември годинава.

Ова беше договорено на денешната средба на градоначалникот Иван Франгов со претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Драган Томашевиќ, со директорот на „Партизан“ од Белград, Драган Тодориќ и со претседателот на гевгелискиот прволигаш „Кожуф“, Томица Главчев, кој е домаќин на високите гости од српската кошаркарска федерација.

По средбата беше соопштено дека домаќин на турнирот ќе биде „Кожуф“, а досега учеството го потврдиле елитните кошаркарски екипи „Партизан“ од Белград и „ПАОК“ од Солун. Гостите на градоначалникот Франгов му подарија дрес на „Партизан“ со неговото име.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ