-Kонсултациите за формирање на нова влада на Египет, ќе започнат веднаш. Ова е крај на режимот на Морси – рече доцна синоќа поранешниот претседателски кандидат и водачот на Либералната партија на Конгресот, Амр Муса.
Во уличните судири со војската и полицијата во градот Марса Матрух, на северозапад на Египет загинаа четворица приврзаници на происламскиот претседател Морси, велат властите.
Десетина лица се повредени во нападот кој го изврши група вооружени приврзаници на Морси врз полициската станица во град на крајбрежјето на Средоземно море, во близина на границата на Египет и Либија.
Доцна синоќа, САД наредија евакуација на своите државјани од амбасадата во Каиро, пренесе „Франс прес“.
Елена Георгиевска