Кејт Мидлтон чека девојче?

Од:

Вниманието на јавноста деновиве е насочено кон принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, која овој месец би требало да се породи, а експертите предвидуваат дека војвотката од Кембриџ ќе роди женско дете.

– По се изгледа дека прогнозите се во корист на женско дете, изјави директорката на програмата на бионаука и животинско однесување на Универзитетот Ексетер, Фиона Мејтуз.

Таа и нејзините колеги сметаат дека на полот на детето влијаат повеќе фактори, вклучувајќи ја и исхраната. Жените кои брзо се здебелиле и јаделе повеќе висококалорична храна пред бременоста во повеќето случаи родиле момче.

– Во такви поволни услови машкиот ембрион може да опстане, додека во посиромашни услови преживуваат женските бебиња, изјави Метјуз за Си-Ен-Ен.

Освен исхраната на полот на детето влијае и стресот, така што во време на елементарни непогоди, како земјотреси или поплави се раѓаат повеќе девојчиња, отколкумомчиња. Исто така жените, кои извршуваат стресни работи или се под голем притисок како Кејт, која е постојано под лупата на јавноста, имаат повеќе шанси да родат девојче.

Интересно е и дека богатството игра голема улога во полот на детето, така што според студијата богаташите, особено, доколку таткото е богат почесто имаат синови, отколку ќерки.

– Се укажува на девојче, освен факторот богатство, заклучи Метјуз.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот