МВР: За четири години реконструирани 58 објекти, во моментов дополнително работиме во пет градови

Од:

Во рамки на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките и инфраструктурни капацитети на македонската полиција, покрај 58-те веќе реконструирани објекти, Министерството за внатрешни работи продолжува понатаму со подобрување на условите во полициските објекти и во другите градови. Во моментот се реализираат реконструкциски активности во Куманово, Прилеп, Крушево, Чашка и Полициски центар Ѓорче Петров, информира МВР.

„Како и во веќе завршените 58 објекти, и во овие, следејќи ги стандардите на енергетска ефикасност и заштеди на енергија, истовремено се запазува и потребата од заштита на животната средина, преку замена на постојните начини на загревање со поставување на парно греење, наместо досегашната употреба на огревното дрво како енергенс. Притоа, старите прозорци се заменуваат со нови ПВЦ прозорци, се врши замена и на внатрешната дотраена столарија и изработка на надворешна фасада“, соопштува МВР.

Актуелното раководство Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена, стручна и мотивирана полиција која ќе испорача уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР