Младата пијанистка Ангела Николовска одржа солистички пијано концерт во Рим

Од:

Младата талентирана пијанистка од Крива Паланка, Ангела Николовска, студент на Факултетот за музичка уметност – Скопје, настапи пред публиката на италијанската престолнина, Рим. Николовска настапи на покана на организацијата “Concerti del Tempietto”.

Николовска, фасцинирана од организацијата на концертот, од посветеноста на организаторите успешно да се реализира настанот, и покрај ситуацијата со пандемијата, сподели дека на овој настап во Рим таа се претставила со дела од Бах, Бетовен, Лист, Моцарт и Рахмањинов, а бројот на слушатели и обожаватели на класичната музика, како што кажа, бил значајно голем.

– Овој концерт е мое прво претставување надвор од границите на нашата држава, јас лично сум презадоволна од начинот на кој што се претставив, и се надевам дека ова претставува отскочна даска за моето понатамошно претставување. Концертите на кои настапив јас се серија концерти во организација на Анџело Себастијани и се оддржуваат во Театарот Марчело, во периодот од јули до септември. На овие концерти се настапија и многу познати имиња како: Марчела Крудели, Јулијана Кис, Еде Иван и многу други. Ми беше огромна чест и задоволство да настапам на овој реномиран настан на кој исто така бев поканета да настапам и лани, но тоа учество беше откажано поради пандемијата со Ковид-19. Исто така имам покана и за присуство на мастер час во Виена во август, кај Проф.Антонио Ди Кристофано, од Италија, изјави Николовска.

Николовска од почетокот на летово реализираше и два соло-концерти во нашата држава, првиот во Музеј на македонска борба -Скопје, организиран од страна на Музичка младина на Македонија (Jeunesses Musicales Macedonia), на рецитал за млади музички таленти, и во НУ Центра за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

– На концертот во организација на ЈММ се претставив со делата на Бах, Бетовен и Рахмањинов, а мојата колешка Екатерина Лукарова се претстави со дело од Бах на флејта. ЈММ е организатор на бројни настапи и концерти, како и на мојата „мини концертна тура” солистички концерти што се одржаа во Скопје, Гевгелија и Куманово во 2019 година, пред почетокот на пандемијата, сподели Николовска.

Дополнува дека нејзиното мото за успех е дека „ако навистина сакате да направите нешто, ќе најдете начин, време и со целото свое битие ќе целите кон истото“. Според неа, љубовта кон тоа што го работиш и макотрпната работа, се клуч на успехот.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска