Министерот за финансии Фатмир Бесими преку својот фејсбук соопшти дека американскиот Стејт департмент ги оценил како транспарентни јавните финансии и буџетските документи.
-Министерството за финансии објавува податоци за извршување на буџетот месечно, за движење на јавниот долг квартално, а фискалната стратегија се ажурира годишно. Најзначајните чекори преземени за транспарентноста на јавните финансии се: фискален бројач, календар на даночна регулатива, апликацијата Граѓански буџет, поратлот Отворени финансии, алатката Капитални расходи и алатката за јавен долг, наведува Бесими.
Извештаите за инвестициската клима изработени од страна на Стејт департментот обезбедуваат информации за бизнис-климата на повеќе од 170 економии.
-Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија остануваат посветени на обезбедување транспарентност и отченост на јавните финансии и буџетските документи, додава Бесими.
Извештајот во целост може да се прочита на https://www.state.gov/…/2021…/
Информацијата за оценката на Стејт департментот е објавена и на официјалниот фејсбук профил на Министерството за финансии.