Уапсени организаторите на атентатот на пазарот во Багдад пред Курбан Бајрам

Од:

Ирачките власти соопштија дека успеале да ги уапсат одговорните за нападот што усмрти повеќе од 30 лица на пазар во Багдад минатиот понеделник, што беше терористички напад нарачан од Исламска држава.

-Осомничените ќе се појават пред правдата, информира премиерот Мустафа ал-Казими, јави Дојче веле.

„Ги уапсивме сите членови на терористичката ќелија кои го планираа и извршија нападот на пазарот во Ал Садр, огромна шиитска населба на периферијата на Багдад“, напиша Казими на Твитер.

Извор од икрачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека осомничените, чиј број не е соопштен, се очекува во следните денови да дадат „признанија“ на телевизија, метод што се користи во Ирак во особено важни случаи.

-Солзите и тагата на нашите луѓе и семејствата на мачениците од градот Ал Садр беа наш мотив да ја изведеме операцијата за апсење, додаде Казими.

Најавата за уништување на ќелијата доаѓа неколку дена пред посетата на ирачкиот премиер на Вашингтон, каде американскиот претседател Џо Бајден за прв пат ќе има средба со него.

Нападот се случи во понеделникот на популарен пазар, каде што луѓето купуваа во пресрет на Курбан Бајрам, еден од најважните муслимански празници. Бомбаш-самоубиец активираше појас со експлозив, убивајќи 30 лица, вклучувајќи идеца, и ранувајќи уште 50 други.

Станува збор за шиитска населба, упориште на следбеници на влијателниот свештеник Муктада ал-Садр, а и во минатото таа беше цел бројни напади.

Нападот го организираше Исламска држава, која преку своите пропагандни канали на Телеграм и преку својата агенција АМАК уверуваше дека бомбаш-самоубиец го активирал својот елек со експлозив меѓу насобрани „отпадници“, како што радикалните сунити ги нарекуваат шиитите.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак