Албанија има шанси во декември да добие статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, изјави шефот на Мисијата на ЕУ во Тирана, Еторе Секи.
– Ако ги спроведете неопходните реформи, земјата може да добие статус на кандидат за членство, нагласи Секи по средба со кандидатот за нов премиер на Албанија, Еди Рама, чија Социјалистичка партија победи на неодамнешните парламентарни избори во земјата.
Секи нагласи дека ЕУ целосно ќе ја поддржи програмата на идната влада во делот од мерките насочени кон побрза евроинтеграција на земјата.
– Очекуваме новата влада во Тирана засилено и решително да работи во спроведувањето на реформите, додаде Секи.