Средба на Заев со министерот за надворешни работи на Романија, Корлатеан

Од:

Делегација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Романија, Титус Корлатеан.

На средбата се разговарало за актуелните политички состојби во државата, билатералните односи помеѓу Македонија и Романија, а особен акцент се даде на партиските активности и идната соработка помеѓу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Социјалдемократската партија на Романија.

Министерот Корлатеан изразил задоволство за зголемувањето на степенот на демократизацијата на СДСМ по последниот партиски конгрес и упатил честититки до новоизбраното раководство на партијата.

Како што соопшти СДСМ, била дадена отворена покана за продолжување и зајакнување на меѓупартиската соработка на СДСМ и партијата од која тој доаѓа. Тој ја изразил својата поддршка за ЕУ и НАТО интегративните процеси на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците