Началникот на генералштабот на оружените сили Абдел ал-Сиси во обраќањето кон нацијата кажа дека на претстедателот Морси му е одземена власта и дека привремено на местото шеф на државата ќе го замени претседателот на Уставниот суд.
-Не еднаш повикавме на национален дијалог, но раководството на земјава тоа го отфрли во последната минута, рече тој и додаде дека на Морси му е понудено доброволно да поднесе оставка, но и тоа го одбил.
Тој најави дека е формирана технократска влада.
На обраќањето на началникот на ГШ присуствуваа имамот на најголемиот исламски универзитет во светот „Ал-Ажар“, шеикот Ахмед ал-Тејиб, патријархот на коптската православна црква Тавадрос Втори и еден од лидерите на опозициониот фронт за национален спас, Мухамед ел-Барадеј.
Обраќањето на началникот предизвика воодушевување и огномет по улиците на Каиро. Советникот на Морси во меѓувреме изјави дека претседатеот е префлен засега на непозната локација.
Војската го објави планот откако истече рокот од 48 часа кој му го постави на Морси да ги уважи барањата на учесниците на повеќедневните масовни протести со кои се бараше негова оставка.
Случувањата на плоштадот Тахир можете да ги следите ОВДЕ!