ВИДЕО: Камион излета од патот и се преврте во близина на охридскиот аеродром

Од:

Камион излета од патот Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа. Станува збор за возило со скопски регистарски ознаки. Возачот е повреден и е пренесен во болница. Според првичните информации, тој не е во животна опасност.

„На магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која, товарно возило „Ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје, излетало од патот. Возачот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди“, велат од СВР Охрид.

На терен е излезена и полицијата која прави увид, за да ги утврди причините за несреќата и како камионот излетал од мостот. Тој е речиси целосно уништен.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски