ВИДЕО: Огромно торнадо кај Сочи, невремето демне над руското летувалиште

Од:

Невообичаено силно торнадо се создаде денеска над Црното Море кај руското летувалиште Сочи, а спектакуларниот воден столб, кој се издигна неколку стотици метри во височина, беше снимен од туристите и локалните жители.

Во Сочи е во сила предупредување за екстремно невреме, а во градот се очекуваат силни поројни дождови и грмотевици, ветер и дожд, а можно е и создавање на нови торнада. Торнадо се создаде во Сочи и вчера, кога беше оштетена плажа во близина на градот, а шокираните туристи објавуваа снимки на социјалните мрежи.

Според експертите, торнадата се релативно честа појава во северниот дел од Црното Море, каде се јавуваат преку целата година, а најчести се меѓу мај и октомври. Оваа појава главно се јавува над морето и брзо изчезнува, објаснуваат метеоролозите.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени