Манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“ вечер продолжува со џез концертот „Џезна и Флет фалф“. На концертот, кој ќе се одржи во Aмфитетарот во Градскиот парк во Струмица, ќе настапат Јасна Трпкова (Џезна), вокал, Слободан Ѓошиќ-Боби, џез гитара, Игор Величковски, џез саксофон и Денис Кирчанов, контрабас.
Настаните од „Струмица-град на културата 2021“ продолжуваат задутре со целовечерен концерт на ансамблот „Танец“ пред платото на НУЦК „Антон Панов“, чиј настап е дел од новата сезона на оваа национална установа, симболично наречена „Враќање“. Целата сезона е во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, но и во духот на отпочнување на новиот сценски живот, после долгата глобална здравствена криза.
До крајот на месецот треба да се одржат уште четири настани – „Валцер под ѕвездите“, Ноќно искачување до Цареви Кули, изложба на отворено „Врамени текстови“ и промоција на збирката афоризми „Балкански триаголник“ од авторите Ацо Ѓоргиев, Нада Караџиќ и Миладин Бериќ.