Претседателот на Египет Мохамед Морси е ставен во домашен притвор, јави египетската телевизија „Ал Хајат“.
Според телевизијата на Морси му бил одземен мобилниот телефон. Извори од египетските власти за весникот „Ал Балјад“ тврдат дека Морси е во притвор, но не сакаа да прецизираат каде се наоѓа.
Ограничувања за напуштање на државата се воведени на 270 членови на движењето Муслиманско братство.