Младиќ префрлен во болница

Од:

На судењето на Ратко Младиќ во Хаг дојде до непредвидена пауза, бидејќи на обвинетиот му се слоши. Младиќ веднаш беше префрлен во болница

„Ратко Младиќ во болница е пренесен поради претпазливост, ќе го прегледаат странски лекари по што Судскиот совет ќе биде известен за неговата состојва“, рече Нерма Јелачиќ, портпарол на Хашкиот трибунал.

Според неа, судењето е предвидено да продолжи утре, кога треба да продолжи сослушувањето на денешниот сведок, поранешниот службеник за цивилни прашања и политички советник на Унпрофор, Дејвид Харланд.

До пред паузата, сведокот Харланд изјави дека поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ немал оперативна команда над војската во РС, бидејќи подредените офицери на терен му се обраќале на Младиќ, иако поради тоа постоело недорабирања меѓу Караџиќ и Младиќ.

На прашање на застапниците на одбраната на Младиќ, дали негов впечаток е дека Караџиќ имал оперативна команда на теренот над војската на РС, сведокот одговори дека „всушност немал“додавајќи дека за тоа постоеле „различни гледања на Младиќ и Караџиќ на Пале“.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор