Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Од:

Полициски службеници вчера привеле лице од Гевгелија, откако при пртрес на неговиот дом се пронајдени и одземени одредена количина дрога и оружје, соопшти денеска МВР.

– Од страна на полициски службеници од ОВР Гевгелија лишен од слобода е Ј.Н.(44) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Имено, по претходно обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и помошни простории каде живее Ј.Н. во Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење, машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9мм калибар и засадени растенија канабис сатива, информира МВР.

Ј.Н. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР