Ултиматумот, што армијата муго постави на исламистичкиот претседател на Египет Мохамед Морси да ги исполни барањата на демонстрантите и да поднесе оставка, истече денеска попладне и се очекува соопштение од војската.
Неколку минути пред изминување на рокот на улиците излегоа десетици илјади приврзаници и противници на Морси, кој претходно изјави дека ќе остане на функција без оглед на ултиматумот.
Кабинетот на египетскиот претседател Морси соопшти дека Владата треба да биде дел од решението за политичката криза, но не понудила компромис. Соопштението беше објавено по истекувањето на рокот кој армијата муго даде на Морси за исполнување на барањата на демонстрантите.