Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот со кој се забранува посвојување на руски деца од еднополови двојки и странци кои не се во брак во земјите кои имаат прифатено еднополови бракови.
– Мерката има за цел да обезбеди на децата хармонично и целосно воспитување во примените семејства и да ги заштити нивните умови од несакано влијание, како што е неконвенционално сексуално однесување и појава на комплекси, душевно страдање и стрес, се наведува во соопштението на Кремљ.
Законот е брзо усвоен од рускиот парламент, кратко откако Франција дозволи истополови бракови.