Руската војска денеска соопшти дека успешно тестирала нов модел на хиперсоничната ракета „Циркон“, за којашто тврди дека постигнува брзина од околу 10.000 километри на час.
Министерството за одбрана наведува дека ракетата е истрелана од фрегата од класата „Адмирал Грошков“ во Белото Море, на северот од земјата.
Армијата додава дека ракетата успешно ја погодила целта во Баренцовото Море, оддалечена повеќе од 350 километри.
Според претходните изјави на рускиот претседател Владимир Путин, ракетата „циркон“, која поради брзината е недостижна за ниту еден противракетен систем на светот, има домет од околу 1.000 километри и може да се движи со брзина деветпати поголема од брзината на звукот.