Обилните дождови кои деновиве паднаа во северозападна Кина предизвикаа големи поплави во областа Внатрешна Монголија, а денеска паднаа две брани, ослободувајќи десетици милиони кубни метри вода во две густо населени долини.
Драматичните снимки покажуваат како браните се рушат под притисок на водата, предизвикувајќи опасност за милиони луѓе во областите низводно.
Министерството за води соопшти дека двете брани во близина на градот Хулунбуир се урнале поради дотраеност и прогласи трето ниво на тревога за природни непогоди во областа.
Властите подготвуваат евакуација на најмалку половина милион луѓе од директно погодените реони, но и од областите во кои се очекуваат нови поплави.