Тањевиќ повторно на клупата на Турција

Од:

Поранешниот селектор на турската кошаркарска репрезентација Богдан Тањевиќ, повторно ќе биде на клупата на оваа репрезентација и ќе ја предводи на Европското првенство во Словенија, потврди Турска кошаркарска федерација.

Репрезентацијата на Турција ќе игра во групата Д во Копер заедно со селекциите на Финска, Шведска, Грција, Русија и Италија.

Новиот договор ќе биде во времетраење од една година до крајот на Светското првенство во Шпанија 2014 година. Тањевиќ на клупата на Турција беше во периодот од 2004 до 2010 година, кога како домаќини на Светското првенство 2010 година Турците го освоија сребрениот медал, што е најголем успех на оваа репрезентација.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос