Речиси 100 жени биле жртви на сексуални напади на каирскиот плоштад Тахрир

Од:

Речиси 100 жени биле жртви на „сексуални напади“ на плоштадот Тахрир во текот на четирите дена од протестот против египетскиот исламистички претседател Мохамед Морси, соопшти денеска „Хјуман рајтс воч“.

Толпата сексуално напаствувала и во неколкуте случаи на плоштадот Тахрир се силувани најмалку 91 жена, бидејќи таму завладеала клима на немање казна, наведе оваа хуманитарна организација со седиште во Њујорк.

„Хјуман рајтс воч“ издаде соооштение, повикувајќи се на податоците на Египетската организација против сексуално вознемирување и напади која раководи со СОС линијата за жртви од сексуално злоставување, според која само во неделата имало 46 такви напади врз жени, 17 во понеделникот и уште 23 во вторникотк, пренесуваат француските медиуми.

Втората група за заштита на женските права во Египет – Назра за феминистички студии-соопшти дека имало уште пет напади во петокот, додава „Хјуман рајтс воч“.

Неколку жени имале хирушка интервенција по нападот, некои се тепани со синџири, мотки, столчиња или се нападнати со нож бидејќи насилниците наводно го искористиле недостигот од безбедносна контрола и можеле неказнето да исчезнат, додека други навеле дека нападите биле организирани за да ги заплашат жените за да ги исклучеле од учество во протестите.

„Силно раширените сексуални напади во текот на протестот на плоштадот Тахрир го нагласуваат неуспехот на владата и на сите политички партии да се соочат со насилството кое жените во Египет го доживуваат секојдневно на јавно место.

-Ова се тешки злосторства кои ги одвраќаат жените од целосно учество во јавниот живот на Египет во критичниот момент за развојот на земјата“, подвлече Џо Сторк, заменик директор на „Хјуман рајтс воч“ за Блискиот исток.

Оваа хуманитарна организација ги повика египетските претставници и политички лидери „од поширокиот спектар“ да ги осудат и да преземат итни чекори за решавање на ужасното ниво на сексуално насилство врз жените што се случило на централниот каирски плоштад.

Одговорот на египатските власти беше дека се „намалува обемот на овој проблем“, но бараат тој да се реши единствено преку законодавна реформа, место напаѓачите да бидат приведени пред лицето на правдата, наведува „Хјуман рајтс воч“.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина