Анкета: Јапонците не веруваат во безбедноста на Олимписките игри

Од:

Најмалку 68 проценти од Јапонците не веруваат дека претстојните Олимписки игри во Токио ќе бидат безбедни, како што вети Владата, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Асахи“.

Додека 21 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во ветувањето на Владата. Во исто време, 76 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката поголемиот број натпревари да се одржат без публика, а 17 отсто се изјасниле против.

Анкетата е спроведена на 17 и 18 јули преку мобилни и фиксни телефони, при што се испитани 1.444 возрасни граѓани.

Резултатите од анкетата на агенцијата Кјодо, објавени вчера, покажуваат дека 87 проценти од испитаници стравуваат дека ОИ можат да доведат до поголемо ширење на новите соеви на Ковид-19 во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он