Бројот на погинати во катастрофалните поплави во западна Европа порасна над 150. Спасувачките екипи се обидуваат да го расчистат теренот и да спречат нови штети.
Нивото на вода во некои градови и натаму е многу високо. Голем број куќи и натаму се уриваат, а од утрово спасувачите продолжија да трагаат по исчезнатите.
Според денешните проценки, најмалку 133 лица ги загубија животите во поплавите во Германија, а низ европа вкупната бројка е повеќе од 150 жртви. Стоина луѓе се водат како исчезнати.
Браната на реката Рур во реонот на Хајнсберг, во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија, пукнала синоќа, а спасувачите евакуирале околу 700 луѓе, пренесува германскиот весник Велт.
Утрово, нивото на водата стагнира, но ситуацијата и натаму е напната.