Тврдокорните исламисти го повикаа Мохамед Морси да закаже предвремени претседателски избори во Египет

Од:

Висок претставник на тврдокорната исламистичка организација „Џама ал исламија“ изјави дека групата сака египетскиот претседател Мохамед Морси да свика предвремени претседателски избори за да се избегнат крвопролевањата и воениот преврат, пренесоа британските медиуми.

„Џама ал исламија“, која некогаш беше вооружена група, е еден од малкуте останати сојузници на Морси.

Во текот на двата дена, откако војската на политичарите им даде краен рок до денеска да го решат политичкиот конфликт, таа го повикува да свика предвремени претседателски избори.

-Тоа мирно, уставно предавање (на власта) ќе не спаси од крвопролевања, изјави Тарек аз Зумар од „Џама ал исламија“.

Според него, тоа исто така ќе го заштити уставот на земјата. Според него, изјавата на војската е предвесник за преврат, но тоа „може да се избегне, ако претседателот одлучи да свика референдум за предвремени претседателски избори“.

Есам ел Ериан, заменик претседател на Партијата на слободата и правдата, што е поддржана од „Муслиманско братство“, предупреди дека Египѓаните нема да стојат мирно пред „воен бунт“, и кажа дека слободата е повредна од животот.

Командантот на египетските вооружени сили генерал Абдел Фатах ас Сиси јасно стави до знаење дека војниците се подготвени да умрат за да го заштитат народот од терористите и екстремистите, откако претседателот го отфрли ултиматумот на армијата до политичките сили да најдат мирно решение на кризата, пренесоа француските медиуми.

Четириесет и осумчасовниот ултиматум истекува денеска во 16.30 часот.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски