Новинар на Ројтерс убиен во Авганистан

Од:

Новинарот на Ројтерс, Даниш Сидики, е убиен денеска додека го следел судирот меѓу авганистанската армија и талибанците во близина на граничниот премин со Пакистан, објави авганистански командант.

Авганистанските специјални единици се бореа против талибанците да ја преземат контролата врз пазарот во Спин Болдак кога Сидики и висок авганистански командант беа убиени, изјави тој.

Според официјалниот претставник, истрелите биле од талибанците.

Сидики од оваа недела беше со авганистанските специјални единици во јужната провинција Кандахар, известувајќи за борбите со талибанците.

„Итно бараме дополнителни информации и соработуваме со покраинските власти“, се наведува во соопштението на претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главната уредничка Алесандра Галони.

„Даниш беше извонреден новинар, посветен сопруг и татко и сакан колега. Нашите мисли се со неговото семејство во ова страшно време”, се додава во соопштението.

Претходно во петокот, Сидики изјави дека е ранет од шрапнел во раката. Тој се опоравуваше кога Талибанците се повлекоа од борбите во Спин Болдак.

„Тој разговараше со трговците кога талибанците повторно нападнаа“, изјави официјален претставник на авганистанските сили.

Ројтерс не беше во можност да ги потврди деталите за обновените борби опишани од анонимниот службеник.

Сидики беше член на тимот на фотографи на Ројтерс, кој во 2018 година ја доби Пулицеровата награда за документирање на бегалската криза во Рохинџите. Тој е фотограф на Ројтерс од 2010 година и ги следеше војните во Авганистан и Ирак, протестите во Хонг Конг и земјотресите во Непал. паг/

Би можело да ве интересира

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Почина новинарот Саше Димовски

Горан Наумовски

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица