Ештон апелира на воздржаност и политички дијалог во Египет

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон повика денеска на воздржаност и политички дијалог во Египет, изразувајќи сочувство поради убиените во најновите насилства во Каиро.

– Судирот не може да биде решение. Решението за ваквата ситуација може единствено да биде политичко, засновано врз значаен и инклузивен дијалог, истакна Ештон.

Таа изрази и огромна загриженост поради продолжување на сексуалното злоставување на женски демонстранти.

Египетскиот претседател Мохамед Морси изјави дека нема да се повлече и покрај масовните протести во кои се бара негова оставка, како и покрај 48-часовниот ултиматум на војската.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина