Спасовски од Пустец: Продолжуваме со интензивна поддршка за унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Мала Преспа

Од:

Владата ќе продолжи со интенизвна поддршка во насока на континуирано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Мала Преспа, најави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која заедно со амбасадорот на земјава во Тирана, Данчо Марковски престојуваше во посета на Општина Пустец во Албанија.

Министерот Спасовски и амбасадорот Марковски, заедно со нивоите домаќини Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, ја посетија градинката во склоп на заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, каде беше предадена донацијата од играчки, реквизити и подароци за најмалите жители на Општината.

Како што соопшти МВР, оваа донација наменета за најмладите, со заложба на министерот Спасовски, е обезбедена преку генералниот директор на општествено-одговорната компанија „Витаминка“ од Прилеп, Сашо Наумовски.

– Минатата година обновата на училиштето, која опфаќаше реновирање на училниците и инфраструктурно уредување на училишниот двор и дворот на градинката, беше завршена благодарение на личниот ангажман на премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Република Албанија, Еди Рама. Со денешната донација, пак, целосно е заокружен овој проект кој е од големо значење за општина Пустец, се наведува во соопштението од МВР.

По предавањето на донацијата, министерот Спасовски одржа работна средба со градоначалникот Колефски, пратеникот Стерјовски и членови на Македонска алијанса за европска интеграција.

На средбата уште една е потврдена поддршката од министерот Спасовски и генерално од Владата за понатамошно унапредување на животот на Македонците кои живеат во Албанија.

– На средбата разговаравме за можностите за реализација на нови инфраструктурни и комунални проекти од интерес на граѓаните на Пустец. Мојата комплетна поддршка, поддршката на целата Влада во насока на континуирано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Пустец продолжува. За таа цел, за дваесеттина дена планирано е да биде пуштен со работа и Граничниот премин Џепиште – Требиште, и тоа со 24-часовно работно време. Реализацијата на ова прашање на кое со години укажуваа жителите од Голо Брдо ќе биде од исклучително значење како од економски, така и од културен и политички аспект, потенцира Спасовски.

Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија и градоначалникот Пали Колефски на работната средба изразија задоволство од отвореноста за соработка со Владата во изминатите неколку години, што се одвива во континуитет, а каква што во минатото немале со ниедна претходна влада, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он