Маричиќ: Дигитализацијата на судството набрзо започнува

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес учествуваше на состанокот на работната група на земјите од Западен Балкан, на кој истакна дека дигитализацијата е во завршна фаза и наскоро ќе се започне со опремување на првите судови низ државата.

Маричиќ се осврна и на важноста и придобивките од дигитализацијата во земјите од Западен Балкан во олеснувањето и подобрувањето на пристапот до правдата за граѓаните од целиот регион.

-Заедничката дигитална стратегија на земјите од Западен Балкан ќе ги забрза напорите за интеграција во ЕУ. Се очекува да донесе побрзи промени во однос на владеењето на правото, да помогне да се создаде функционална пазарна структура во регионот и ја поттикнува модернизацијата на администрацијата и општеството, рече министерот Маричиќ.

Денешниот состанок на работната група составена од претставници на министерствата за правда од Западен Балкан има за цел продлабочување на регионалната соработка во поврзувањето на регионот, размената на искуства и поддршката процесот на дигитализација, која е од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите, информира Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on