Познатиот холандски новинар кој истражувал за организираниот криминал, Петер де Врис, почина денеска, откако пред девет дена беше застрелан во Амстредам, јавија медиумите.
– Петер се бореше до крај, но не можеше да ја добие оваа битка. Почина опкружен со луѓето кои го сакаа, соопшти неговото семејство во изјава за РТЛ, каде тој беше вработен како известувач за извршени злосторства.
Де Врис беше позната личност во Холандија, често коментираше во телевизиските криминалистички програми и стручен известувач за криминалот со извори во полицијата и подземјето..
Петер де Врис, кој имаше 64 години, беше застрелан со пет куршуми во глава на улица во Амстердам при излегување од телевизиско студио. Тој беше лице од доверба на крунски сведок во голем судски процес против организираниот криминал. Новинарот беше познат и во странство со својот бестселер за грабнувањето на познатиот производител на пиво, Фреди Хајнекен.
Истрагата за атентатот се уште е во тек, а две лица беа уапсени неколку часа по нападот.