Со дефиле на фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва низ струшката чаршија и настапи на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ вечер во Струга ќе почне седмата меѓународната манифестација „Фолклорен мост“.
Околу стотина фолклористи од Македонија, Србија, Бугарија и Литванија, преку песни и игри ќе ги претстават фолклорните одлики и културните особености на својата земја.
Организатор на манифестацијата „Фолклорен мост“ е Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга.