Талибанците ја поразија Америка – Авганистан е втор Виетнам, заклучува „Вашингтон Пост“

Од:

Постои товар на вина во поглед на она што веројатно ќе се памети како втората голема војна што САД ја изгубиле, по Виетнам. Тој товар треба да падне врз политичарите и генералите, пишува денешен „Вашингтон Пост“.

По падот на Јужен Виетнам во 1975 година, се водеше остра расправа околу тоа кој ја загубил Виетнамската војна. Многумина во војската и во Републиканската партија се согласија со митот за забивањето на нож во грб, обвинувајќи ги политичарите и медиумите дека наводно ги спречиле американските оружени сили да го поразат комунистичкиот Северен Виетнам. Од друга страна, многу либерали тврдеа дека тоа е војна која Америка не смеела да ја води и не можела да ја добие, пишува колумнистот на „Вашингтон Пост“, Макс Бут.

Тој смета дека Авганистан сѐ уште не е изгубен, но дека, со брзото напредување на талибанците, расправата за тоа кој е тој што „го загубил Авганистан“ веќе почнала, а со неа и префрлувањето на вината.

Републиканците, замижувајќи пред фактот дека поранешниот претседател Доналд Трамп го иницираше повлекувањето на американската војска од земјата, го обвинуваат сегашниот шеф на државата Џо Бајден за „катастрофа во раѓање“, а Бајден минатата недела се бранеше дека САД „ги постигнале своите цели и ги елиминираа терористите“.

Советникот на Трамп за национална безбедност, пензионираниот генерал Х.Р. Мекмастер, ги обвини медиумите за „недостаток од интерес и дефетизам, што создаде услови за капитулација“. Водителот на МСНБЦ Мехди Хасан вели дека „самата првобитна инвазија беше срамотна, со оглед на тоа дека немаше Авганистанци во ниту еден од четирите авиони“, алудирајќи на терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година.

Но, колумнистот на „Вашингтон Пост“, Бут, вели дека медиумите не се виновни за поразот на САД во Авганистан, кој според него веројатно ќе се памети како втората голема војна, по Виетнанмската, која Америка ја загубила. Негативните вести ја одразуваат реалноста, а не ја создаваат, пишува Бут.

Вистинските виновници, според него, се политичарите и генералите, и американски и авганистански. Бут пишува дека повеќе американски претседатели правеле грешки, една по друга. И војската, според колумнистот, не може да биде апсолвирана од одговорност за авганистанскиот дебакл. Според него, тајни документи на американската армија покажуваат оти нејзините челници признале дека не успеале да создадат „ефикасна авганистанска војска и полиција“, но не откриле во јавноста дека војната не оди според нивните планови.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија