Според последните информации повеќе од 30 илјади картички им се поделени на српските државјани кои транзитираат низ земјава за да можат бесплатно да ги поминат патарините низ овој коридор, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тој нагласи дека тоа е добар гест на пријателство и соработка и потсети дека тоа беше владина одлука како знак на благодарност за она што го направи Владата на Србија за вакцинација на македонските граѓани.
Како благодарност за донациите од вакцини, српските граѓани добиваат можност да не плаќаат патарини во перидот од 15. јуни до 15.август. Српските туристи кои се автомибил влегуваат во земјава на граничниот премин Табановце добиваат картичка со која можат бесплатно да ги минуваат патарините до границата со Грција.