Наследникот на Бериша во партијата ќе се избира меѓу Баша и Олдаши

Од:

Градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша и министерот за транспорт и јавни работи во заминување Сокол Олдаши се двајцата главни кандидати за нов лидер на Демократската партија на Албанија.


На прес-конференција, Олдаши денеска ја официјализира кандиатурата за нов патиски лидер, откако вчера попладне имал средба со лидерот во оставка Сали Бериша, јави дописникот на МИА од Тирана.


– По многу средби со претставници на главните партиски структури и по вчерашната средба со претседателот Сали Бериша доставив барање до Претседателството на партијата да бидам регистриран како кандидат во трката за избор на партиски лидер, изјави Олдаши.


За разлика од него Баша се уште јавно не се произнесол околу кандидатурата иако тој се смета за најсериозен кандидат за оваа функција.


Шпекулациите дека во трка за лидер ќе биде и Јозефина Топали, досегашен прв парламентарец, таа ги демантираше, потврдувајќи дека нема да се кандидира.


За разлика од досегашниот избор на партиски лидер што беше задача на националниот партиски совет, сега тој ќе се избира според начелото „еден член, еден глас“.


Сали Бериша, кој две децении беше на чело на партијата, поднесе оставка три дена по поразот на парламентарните избори, одржани на 23 јуни.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски