Управата на МЗТ Скопје информираше дека е постигнат договор за ангажман на српскиот кошаркар Урош Лучиќ во дресот на македонскиот шампион за претстојната сезона.
Лучиќ (207 см, 1983 год.) е српски кошаркар кој игра на позицијата крилен центар. Низ својата кариера има настапувано за Раднички, Слога, Ергоном, Здравје, Визура, Златорог Лашко, Крка, Стеауа, ОКК Београд и Раднички Крагуевац.
Минатата сезона Лучиќ ја помина во дресот на словенечкиот шампион Крка, каде што имаше просечен учинок од 8,4 поени и 4,3 скока при настапите во словенечкиот шампионат, АБА лигата и Евро Челинџ натпреварувањето.