Шпанија го враќа полицискиот час и други мерки поради младите

Од:

Шпанските власти во дел од регионите повторно го враќаат полицискиот час, како и ограничувањата за дружење и ноќниот живот, за да се спречи наглиот пораст на бројот на новозаболени од коронавирусот, додека Делта варијантата се пренесува меѓу невакцинирани млади луѓе во државата.

Каталонија и Валенсија, два региона на медитеранскиот брег кои се главните жаришта на епидемијата, ограничуваат собири на 10 лица и ги враќаат ограничувањата на сите активности во текот на ноќта, додека северниот регион на Астуриас забрани работа на барови.

Поради почетокот на летото и забавите организирани со цел да се одбележи крајот на учебната година, бројот на заразени со Ковид-19 во Шпанија сега е повеќе од трипати поголем меѓу младите од 30 години во однос на просекот.

Бројот на случаи на 100.000 жители на национално ниво вчера се искачи на 368 случаи, изјави Фернандо Симон, кој координира со шпанскиот одговор на итни здравствени проблеми.

Тој посочи дека, иако младите пациенти обично не треба да се лекуваат во единиците за интензивна нега, голем број на случаи на коронавирусот меѓу луѓето на возраст под 30 години полека ја зголемуваат стапката на хоспитализација.

Шпанија целосно вакцинираше повеќе од 21 милиони луѓе или 46 проценти од вкупното население, но само околу 600.000 се на возраст под 30 години.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата