Дури шестмина пациенти во изминатите 24 часа починале како последица на инфекција со коронавирусот во Босна и Херцеговина, додека во земјата се регистрирани 12 нови случаи на Ковид-19, што е двојно повеќе од вчера.
Во Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ се пријавени 634 направени тестови, од кои позитивни биле десет, сите во кантонот Сараево, соопштија здравствените власти.
Три смртни случаи се забележани во Федерацијата, исто колку и во Република Српска, каде е регистриран еден новозаразен пациент.