Еден загинат и тројца повредени во сообраќајната незгода што се случи попладнево на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.
Во извлекувањето на повредените интервенираше и Противпожарна единица од Охрид.
Повредените лица се лекуваат во болницата „Свети Еразмо“.
Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно.