Кокаин, марихуана и семки канабис пронајдени во Струга

Од:

Околу три килограми марихуана, 139 семки канабис и ќесе со кокаин пронашла струшката полиција во три одделни контроли вчера во Струга и околината.

СВР Охрид денеска соопшти во близина на граничниот премин „Ќафасан“, полициска патрола од ОВР Струга, пронашла и одзеде ќесе со околу три килограми марихуана.

– Ќесето го пренесувале две лица кои, откако ја забележале полициската патрола, ја фрлиле и побегнале на албанска територија. Се работи на расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, полициски службеници, со судска наредба извршиле претрес во домот на К.П.(47) од Струга, заради основано сомнение за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– При претресот во домот на К.П пронајдени и одземени се 139 семки од растението канабис сатива, четири стебла, две метални дробилки и други предмети со остатоци од марихуана. К.П. е лишен од слобода, предметите се одземени, а по целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, појасни Димоски.

Во последниот случај синоќа во 21:15 часот, при контрола извршена на улицата „Владо Малески“, полицијата во паркиран автомобил кај лицето С.Ј. (30) од Скопје, пронашле ќесе со кокаин. Дрогата била одземена, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски