Ѓоковиќ лесно во четвртфиналето

Од:

Со победата над Томи Хас од 6:1; 6:4 и 7:6(4), српскиот тенисер и прв свестки рекет Новак Ѓоковиќ ја комплетира листата на осумте четвртфиналисти на Грен Слемот Вимблдон.

Џоковиќ како што посакуваше го отвори мечот и во првиот сет на Хас му дозволи да освои само еден гем. Слично течеше и вториот сет, иако пред карјот Германецот даде нешто поголем отпор, а најнеизвесно беше во третиот сет кога се играше тај-брејк.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналната фаза ќе му биде Томаш Бердих од Чешка кој во осминафиналето беше поуспешен од Бернард Томиќ (Австралија).

Останатите три двојки за четвртфиналето на неофицијалното светско првенство се:

Давид Ферер (Шпанија) – Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина),

Фернандо Вердаско (Шпанија) – Енди Мареј (Ве3лика Британија),

Лукаш Кубот (Полска) – Јержи Јанович (Полска).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ