Груевски во Пекинг на средби со кинескиот претседател Џипинг и со премиерот Кечианг

Од:

Премиерот Никола Груевски кој од вчера е во посета на Народна Република Кина, денеска во Пекинг ќе се сретне со претседателот на државата Си Џипинг и со премиерот Ли Кечианг.

Утре, македонскиот владин тим предвоеден од премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на Конференцијата за соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа што ќе се одржи во градот Чонгкинг. Станува збор за иницијатива поттикната од кинеската Влада, а организирана од кинеското Министерство за надворешни работи и локалната самоуправа на Чонгкинг чија цел е интензивирање на економската и политичката соработка на Кина со земјите од Централна и Источна Европа.

Во рамки на економската турнеја за привлекување инвестиции, премиерот Груевски и владината делегација која ја сочинуваат министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак, ќе остварат и повеќе поединечни средби со претставници на кинески компании од различни сектори кои се потенцијални инвеститори во нашата земја.

Премиерот Груевски вчера, пред официјалниот почеток на посетата, имаше интервју за најголемата и најгледана кинеска телевизија CCTV која емитува вести на сите континенти и има повеќе од 70 меѓународни претставништва. Се осврна на билатералните односи меѓу Македонија и Кина во повеќе сфери, на можностите за остварување динамична економска соработка, на зголемувањето на трговската размена и на соработката на полето на инвестициите. Посебно ги акцентираше реформите и поволностите за вложувања кои Македонија ги нуди на глобалните компании, вклучително и кинеските.

Груевски ги повика кинеските компании да инвестираат во Македонија, посочувајќи дека нивните инвестиции се добредојдени во нашата држава која може да ја искористат како поволна позиција и порта за инвестиции, производство и продажба на производи на европскиот пазар. Ја истакна и поволната отворена опција за можност за креирање специјализирана технолошко-индустриска развојна зона наменета само за кинески компании кои се заинтересирани да инвестираат во нашата земја и оттука да го покриваат европскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба