Во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на илустрирани кирилични букви „Слова 01” од белградскиот илустратор и дизајнер Братислав Миленковиќ.
Миленковиќ доаѓа по повод отворањето на Concept 37, простор кој ќе има за цел да ги собере креативците од областите на арт и дизајн, мода, музика, книги, адвертајзинг, архитектура,…
Тој е член на студиото Лорем Ипсум и моментно работи како слободен уметник за познати магазини меѓу кои Wired magazine, The New York Times , Financial Times, Computer Arts magazine, Cap&Design,…
Пред отворањето на изложбата, Миленковиќ ќе одржи и мала презентација на своите проекти, како и кратко предавање на тема илустрација.