Касарните во Куманово и Петровец ќе се греат на природен гас

Од:

Во касарните во Петровец и Куманово почнува замена на досегашниот систем за греење којшто користеше мазут со нов кој ќе користи природен гас.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференција информираше дека денеска потпишале два договора, со две домашни компании, со кои во две големи касарни на Армијата на Република Северна Македонија почнува замената на досегашниот систем за греење.

-Тоа го правиме и за да ја модернизираме Армијата и нејзините објекти, меѓутоа пред сè да ги заштитиме граѓаните во општините во кои имаме касарани, а во кои загадувањето се повеќе и повеќе станува прашање на коешто му обрнуваме внимание, истакна Шекеринска.

Ова, рече таа, е едно ново поглавје во Армијата и Министерството, а тоа е поглавјето на се поголема грижа за заштитата на животната средина или на она што НАТО веќе го нарекува зелена одбрана, одбрана која води сметка и за последиците врз природата.

-Сакаме да ја внесеме еколошката компонента во нашето дејствување не само во деновите кога зборуваме за заштита на животна средина, туку секој ден и во секој дел од нашата работа. И НАТО Алијансата особено на последниот Самит јасно покажа дека грижата за природата, климатските промени дека заштитата на жвиотната средина, се повеќе и повеќе станува безбедносно прашање, дека тоа не е тема надвор од темите на одбрана и дека таа е една од најголемите закани за сите земји членки на НАТО, потенцира министерката Шекеринска.

Министерството за одбрана е при крај со сопствена анализа и целосен план како да направи енергетска транзиција во која што сите позагадувачки енергенси ќе ги остави во минатото и ќе се префрли на енергенси коишто помалку загадувааат, а притоа да ја зголеми и енергетската ефикасност на воените објекти.

Шекеринска најави дека се подготвени во следните три години интензивно да вложуваат во фотоволтаици коишто ќе создадат енергија за сопствени потреби, кој план ќе го презентираат на долг рок.

Би можело да ве интересира

Бектеши: Барањето за проширување на капацитетот за гас е согласно регулативите на ЕУ

Меѓуанародната агенција за енергија и советува на ЕУ да го штеди природниот гас

Петков: Преодната влада на Бугарија не треба да го испушти течниот гас

САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот

А1он

Усвоен договорот за поврзување на Македонија со грчката гасоводна мрежа

Жарко Настоски

Без вода дел до булевар „Македонско-косовска бригада“ и Касарната „Илинден“