ВИДЕО: Продолжуваат изненадувањата на Вимблдон и Серена Вилијамс поразена

Од:

Вимблдон освен во машка, ќе има нов шампион и во женска конкуренција откако продолжуваат изненадувањата и шоковите за фаворитите на тревнатите терени на „Ол Ингланд клаб“ во Лондон.

Изненадувањето на денот го приреди младата германска тенисерка Сабине Лисицки, која ја елиминираше бранителката на тронот и светски рекет број 1 Серена Вилијамс, славејќи со 6-2, 1-6, 6-4 во 1/8-финалето на престижниот гренслем турнир.

– Целата сум возбудена од среќа, едноставно се тресам. Серена играше одлично, нејзините удари се секогаш многу тешки, но јас се борев за секој поен – низ солзи од радост коментираше Лисицки.

Германката пред две години играше во полуфиналето на Вимблдон, но никогаш до сега нема победа над Серена Вилијамс. Американската мегаѕвезда, која славеше пред неполн месец на Ролан Гарос во Париз, е петкратна шампионка и беше убедлива фаворитка за триумф во Лондон.

Во 1/4-финалето Лисицки ќе се сретне со Естонката Каја Канепи, која славеше со 7-6, 7-5 над домашната миленичка Лара Робсон.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ