Четворица осомничени за атентатот на претседателот на Хаити се убиени во престрелка со безбедносните сили објави полицијата. Двајца кои исто така се сомничат за убиството се приведени. Полицијата и натаму се обидува да ги уапси останатите кои учествувале во изведувањето на атентатот на претседателот на најсиромашната држава во регионот.
„Ќе бидат или убиени или уапсени“ – изјави шефот на полицијата.
Претседателот Жовенел Мојс беше убиен, а неговата сопруга тешко ранета кога напаѓачите упаднаа во нивниот дом.
Повредената сопруга на убиениот претседател е пренесена во болница на Флорида и според последните инфромации е во стабилна, но критична состојба.
Веднаш по атентатот во земјата е вововедена вонредна состојба која забранува масовни собирања, можност за дејствување на армијата како полиција како и зголемување на моќта на извршната власт.
Хаити подолго време се соочува со политички немири, пресметки на банди, битки со природни катастрофи и дополнително лошо се справува со пандемијата на коронавирусот.