Плејмејкерот на ЛА Клиперс, Крис Пол се очекува да потпише нов петгодишен договор со НБА клубот вреден 107,3 милиони долари. Американските медиуми пренесуваат дека скоро сите детали од договорот се комплетирани, а останува уште самиот чин на потпишување и официјализирање на новата соработка.
Ова е дел од стратегијата на консолидирање на редовите на Клиперси, по пристигнувањето на новиот тренер Док Риверс. Поранешниот стратег на Бостон Селтикс на клупата на тимот од Лос Анџелес дојде толку по препорака на Пол, а тимот потоа успеа во намерата да ја задржи една од своите најголеми ѕвезди.
Следна цел на Клиперс се пронаоѓање на нови засилувања со цел да се создаде уште посилен тим за следната сезона.