Во МВР потпишан Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање лица кои престојуваат без дозвола

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во МВР остварил работна средба со амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија Сирил Бомгартнер и директорката за меѓународна соработка на МВР на Франција, Софи Ат.

Спасовски ги поздравил присутните и изразил благодарност за реализираната средба која, според него, ќе придонесе за натамошен развој на меѓусебните односи, особено во насока на уште поголемо унапредување на билатералната соработка, која и сега се одвива со голем интензитет.

– Денешнава средба беше искористена и за потпишување на Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, за чие навремено усогласување во голема мерка се заслужни експертите на двете страни. Со неговото стапување на сила ќе се олесни справувањето со илегалната миграција, борбата со прекуграничниот криминал, но и заканите од тероризам, што е од големо значење за земјите кои се најпогодени од мигрантските напливи, а секако ќе ја олесни и постапката при преземање на лицата кои престојуваат без дозвола, соопштија денеска од МВР.

Министерот Спасовски изразил благодарност во свое име за укажаната поддршка од Амбасадата на Француската Република и аташето за внатрешна безбедност на Министерството за внатрешни работи, пред сѐ за понудените и реализираните обуки, семинари и друг вид поддршка, кои и покрај отежнатите услови поради пандемијата со ковид-19, се одвиваа непречено, како и за поддршката на нашите аспирации за членство во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он