ВИДЕО: Босански тинејџер е херој во Шведска, спаси жена од сигурна смрт во пожар

Од:

Главна „ѕвезда“ во шведските медиуми овие денови е 15-годишниот Босанец Јасмин Османовиќ, кој е опишан како херој откако спасил жена од сигурна смрт во пожар во Гетеборг.

Јасмин во разговор за државната телевизија СВТ изјавил дека забележал како од соседната зграда излегува чад и ги слушнал повиците за помош.

„Пожарот само што беше избил, а густ чад излегуваше низ прозорот. Без размислување се качив од надворешната страна на вториот кат. Ја зедов жената за рацете и ја спуштив од прозорот. Луѓето кои беа под прозорот ја спасија“, вели Османовиќ, чие херојско дело е забележано и на снимка.

Жената која ја спасил Османовиќ се вика Икрам Иса Мухамед и по потекло е од Сомалија. Таа му се заблагодари на 15-годишното момче, чиј прекар е Мики.

„Ти благодарам што ми го спаси животот“, рече Мухамед.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица